Ресурси

Население

Функции:
Работната сила за производство на дрво, железо и камен. Плаќаат данок.
Плаќање на даночна стапка, таа се одредува од играчот.
Регрути потребни за воена подготовка

Индикатори - во десниот агол на Мапата на Империјата:
Моментален број население.
Под нив - работници; неактивно население; лимит на население; капацитет на фарми.
Во кој било момент работниците може да се вработат/отпуштат во менито за Работници (десната страна на Мапата на Империјата) и по тој начин да се управува производството и бројот работници од коишто можете да извлекувате данок.

Прираст на население и Лимит:
Основен прираст на население: 1 x моментално население/1000+50. На пример, ако имате 1000 население, неговиот прираст ќе биде 51 на час. Во случај од 10 000, прирастот ќе биде 60.
Изградбата на Куќи го зголемува лимитот на население за 10% по ниво от претходното, почнувајќи од основа - 1500 луѓе.
Изградбата на фарми ги намалува загубите на население поради недостиг на храна за 5% по ниво според претходното, почнувајќи од основа 7500 души. Капацитетот на Фарми во престолнината има бонус + 100 000. При промена на престолнината овој бонус се пренесува во новата престолнина.
Истражувањето Медицина го зголемува прирастот за 5% по ниво.*
Активирањето Премиум, платен со дијаманти, исто го зголемува прирастот, за 10%.
*Истражувањата кај Империјаните се за 15% побрзи от номадските.
БездомнициБездомници се населението кое се собира кај Империјан кога веќе го достигнал лимитот на население, дозволен од моменталното ниво Куќи. Прирастот на бездомниците е два пати помал. Тие може да бидат регрутирани за војска, но не може да бидат вработени и затоа не произведуваат ресурси. За да ги искористи, Империјанот треба да изгради доволно нивоа Куќи. Кога бројот на население ќе достигне 200 000, повеќе нема да се собираат бездомници.

Задоволство:
Индикатор што покажува колку е задоволно населението од владеењето на владетелот. На него влијаат многу фактори, позитивни и негативни. Одржувањето високи нивоа Задоволство е клучно во управувањето на Империјата, ако се земе во предвид фактот дека при Задоволство под 50, шансата за немири прогресивно се зголемува за 2% коешто води до прекин на извлекување данок додека задоволството не се зголеми повторно; и под 20 Задоволство - секој процент надолу ја зголемува шансата за бунт којашто прогресивно се зголемува за 2%. Бунтот води до прекин на производство.
Дрво
Неопходно за сите градби и некои истражувања.
Неопходно за обука на воени единици.
Се произведува од населението вработено во Пиланите.
Железо
Неопходно за некои од градбите, истражувањата и сите воени единици.
Се произведува од населението вработено во Рудниците за Железо.
Камен
Главен ресурс за изградба на Тврдини.
Неопходен за некои градби и некои истражувања.
Се произведува од населението вработено во Каменоломот.
Производство

Основно производство за 100 цивили: 10 дрво/ 2 железо / 5 камен.
Престолнината на Империјата има фиксен бонус +10% производство на сите ресурси.
Империјаните имаат 20% бонус производство на камен на сите територии на Империјата.
Производството може да биде зголемено преку:

  • Активирање Премиум, платен со дијаманти - го зголемува за 10%.
  • Подигнување на нивоата на Тврдина - секое ниво на Тврдина го зголемува производството за 10%.
  • Подигнување на нивоата на сојузното истражување Производство (ако играчот е во Сојуз) - секое ниво им доделува 2% бонус производство на сите членови.
Злато
  • Валутата на играта.
  • Се генерира под формата на данок, наложен врз вработеното население* во престолнината, припоените провинции, вазалите и колониите, според желбата на играчот. Постојат 6 различни даночни стапки.
  • * Неактивното население не плаќа данок.
  • Златото се генерира и употребува на централизиран начин, од ризницата, локализирана единствено во престолнината на Империјата т.е. извлечениот данок оди директно во ризницата, а потребното злато за изградба, истражување и издржување на војска автоматски се извлекува од неа, без потреба да биде транспортирано.
  • Ако е испратен напад од која било провинција, различна од престолнината, товарните колички коишто го носат запленетото злато одат директно во престолнината, а остатокот од ресурсите се растовараат во провинцијата од каде што е нападнато. Исклучок е случајот кога е испратен напад од колонија, тогаш златото се складира таму и треба да биде транспортирано со товарни колички до престолнината.
  • Ако ризницата има негативен биланс на злато (поради издржување на војската), играчот не може да гради, истражува и регрутира војска додека не се исчисти негативниот биланс.
Дијаманти
Служат за:
  • Купување на Премиум Пакет - обезбедува многу бонуси коишто не се достапни за непремиум играчите, имено:
    • 10% бонус на производство
    • 10% бонус на прирастот на население
    • 10% бонус на напад на војската
    • 10 бонус поени дневно во сите провинции и колонии
    • 10% бонус животни поени на војската
    • Удвоени капацитети на Транспортните станици
    • 10% бонус на лимитот на население и 10% бонус на ефектот од Фармите (САМО за Номади)
    • 20% бонус на времето за обука на војска и 20% бонус на капацитетите на касарните (САМО за Империјани)
  • Купување на секојдневни додатоци:
    • Моментална изградба - порано пуштање во употреба на градбата. Опцијата е валидна само за градби на коишто им преостанале помалку од 96 часа изградба. За еден час изградба се потребни 170 дијаманти.
    • Моментално истражување - порано започнување со употреба на истражување. Опцијата се плаќа во дијаманти и е валидна само за истражувања со помалку од 24 преостанати часа*. За еден час истражување се потребни 510 дијаманти.
      *Ова е основниот лимит. Колку е повисок развојот, нето економските поени и бројот на потрошени дијаманти за моментално истражување, толку повисок станува лимитот.
    • Моментална обука - порано завршување на обуката на единиците. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад. Само првата група во редот за обука во една провинција и една касарна може да биде моментално обучена. За секоја група на која и преостануваат помалку од 6 часа е потребно по 170 дијаманти. Моменталната обука на една група подразбира повторно пресметување на преостанатите времиња на другите групи во редот. На пример: Регрутирате една група мечувалци за 6 часа и после уште една за 6 часа. Времето на втората група во редот станува 12 часа, но ако моментално ја обучите првата група, времето на втората група паѓа за 6 часа.
    • Моментален напад - моментално извршување на битка помеѓу играч и неговите независни провинции. За опцијата се потребни по 170 дијаманти за една битка и подразбира дека војската ќе ја достигне целта, ќе се бори и врати моментално. Моменталниот напад не е достапен додека Империјата е под непријателски напад,
    • Моментален колонијален транспорт - опција која моментално ги растовара товарните колички, независно дали пренесуваат ресурси или само патуваат, од/кон помеѓу колониите, за 170 дијаманти на час, освен ако империјата не е под напад.
    • Моментална колонизација - опција којашто моментално го завршува патувањето на колонизаторите кон посакуваниот терен за колонија, за 510 дијаманти на час, освен ако империјата не е под напад.
    • Империјален Трговец - пазарна опција којашто Ви дозволува моментално да продавате дрво, железо и камен за провизија од 850 дијаманти. Опцијата не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.
    • Отворање на повеќе од еден подарок дневно од Храмот. Втор подарок за 680 дијаманти, ако веќе сте зеле бесплатен подарок најмалку 3 пати. Трет подарок за 2550 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок од 680 дијаманти најмалку 3 пати. Четврт подарок за 4250 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок од 255 дијамантинајмалку 3 пати. Петти подарок за 8330 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок за 4250 дијаманти најмалку 3 пати. Шести подарок за 16830 дијаманти, ако веќе сте зеле подарок за 8330 дијаманти најмалку 3 пати.
    • 10-часовно производство - може да се земе еднаш на секои 24 часа, на количество ресурси еднакво на производството на тој ресурс на час х10.
    • Активирање на мод Одмор
    • Организирање на масовни големи Фестивали на Градскиот Плоштад коишто влијаат на вредноста на Задоволство во провинцијата. Големите фестивали се ограничени - по 1 на ден. Нивниот ефект се зголемува преку нивоата на Градскиот Плоштад - +2 поени Задоволство на секое ниво.
    • Капитулација - доделува можност да ја одбраните својата Империја за определен период време од определени непријателски упади. Може да капитулирате до 10 пати во период од 168 часа. Првиот пат е бесплатен, но секоја наредна капитулација чини 1700 дијаманти повеќе од претходната.
    • Донација на дијаманти - сојузна опција којашто им дозволува на сојузниците меѓусебно да си помагаат со дијаманти. Донациите се прават во сојузната ризница, но може да се донираат само купени дијаманти.
  • Заработени дијаманти - дијамантите коишто сте ги добиле на некој начин различен од купување преку некој од наброените методи за плаќање во подмени Земи Дијаманти, мени Премиум, имено: 170-те дијаманти што ги добивате секој ден после најавување во профилот после 72 часа од регистрација во соодветниот свет, ако сте потврдиле имејл за регистрација; дијамантите заработени од Советникот или од достигнување; дијамантите добиени како подарок од друг играч за време на период за Подароци; дијамантите коишто сте ги подигнале од сојузната ризница.
  • Пренос на дијаманти - пренесување на купени дијаманти од еден свет во друг, дел од Вашиот глобален профил, во којшто се пријавувате со исто корисничко име и лозинка.

Задоволство

  • Покажува колку е задоволно населението со власта на Владетелот.
  • Основното Задоволство и лимитот на Задоволство на целата територија на империјата е 100*, освен во престолнината, каде што има бонус од +20**

    *Овој лимит можe да биде надминат за 10 поени Задоволство во случај да се контролира еден од терените со Специјални Ресурси со таков вид бонус, во позитивна или негативна насока на граничната вредност на модификаторот за Задоволство, во зависност од локацијата на провинцијата во однос на провинцијата бр. 1 (Научете повеќе за круговите и параметрите на провинциите преку менито Економија > Приширување на Империјата > Освојување).

    **Доколку ја промените престолнината, бонусот од 20 поени ќе се премести автоматски заедно со провинцијата којашто сте ја поставиле за главна.
  • Се пресметува и обновува во реално време. Дневните модификатори, бонусите и даноците (наведени подолу) се дистрибуирани пропорционално со секоја минута (исто како што се добиваат ресурсите). На пример, доколку имате минус 5 Задоволство како резултат на многу нискиот данок, +5 од нивото на Тврдина 5, +4 од Универзитетот 12, +10 од Храмот 5, 20 од бонусот за главна провинција (исто така неведено подолу) нивниот ефект се пресметува веднаш и целосно се применува врз вкупното Задоволство.
  • Основен ефект на Задоволство – миграција и имиграција. Секоја минута се формираат групи од одреден број Империи (активни во последните 168 часа со приближно или еднакви нето економски поени). После тоа просечното ниво на Задовлство се пресметува за секој профил, преку формулата:

    Населението во 1-та провинција х Задоволството во 1-та провинција + Населението во 2-та провинција х Задоволството во 2-та провинција (итн. се додека има провинции) / вкупното население во Империјата = просечно ниво на Задоволство.

    Потоа доаѓа пресметувањето на вкупното просечно Задоволство на целата група – се собираат индивидуалните средни вредности на Задоволство и се делат со бројот империи кои учествуваат во групата. Империите над вкупното просечно Задоволство добиваат население, а оние под него - губат, за секоја разлика од 1 поен Задоволство соодветно се добива или губи 0.2% од населението. Информацијата околу изгубеното или добиеното население од миграција може да се види во екранот на Фармите.
  • Задоволство под 50 – постои шанса за немир којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 49 задоволство со 2%, на 48 задоволство со 4% итн.), коешто води до прекин на извлекувањето данок додека задоволството не се зголеми повторно.
  • Задоволство под 20 - постои шанса за бунт којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 19 задоволство со 2%, на 18 задоволство со 4% итн.), коешто води до прекин на производство, регрутација и изградба, се додека повторно не се зголеми Задоволството.
  • Дневни модофикатори на Задоволство:
    • Позитивни:
      • 0 даночна стапка - +5
      • Присуство на војска во провинцијата – процентот на војска од вкупното население во провинцијата е еднаков на пресметаниот процент Задоволство, но доколку војската биде 20% повеќе од вкупното население во провинцијата, престанува да се гененерира Задоволство.
      • Ниво на Тврдина во провинцијата: 1-во ниво – 1; 2-ро ниво – 2; 3-то ниво – 3; 4-то ниво – 4; 5-то ниво – 5; 6-то ниво – 6; 7-мо ниво – 7; 8-мо ниво – 8; 9-то ниво – 9; 10-то ниво – 10.
      • Храм – секое ниво доделува +2 поени Задоволство.
      • Универзитет - секои 3 нивоа генерираат 1 поен Задоволство за целата Империја. Максимум бонус од нивоа на универзитет - 10.
      • Престолнината на Империјата дневно има +20 поени бонус Задоволство.
      • Контрола на територија со специјален ресурс. (Научете повеќе за бонусите од специјални ресурси во Економија > Проширување на Империјата > Колонии > терени со Специјални ресурси).
      • Ативирањето Премиум доделува 10 поени бонус задоволство во сите провинции.
      • Високи нивоа од Честа на Вледетелот - секои 200 поени Чест даваат 1 поен Задоволство. Лимит - 5.
      • Под влијанието на еден од Вашите Сојузни Замоци - +5 Задоволство секој ден.
    • Негативни:
      • Даноци – колку се повисоки толку поголема ќе биде загубата на Задоволство. (Научете повеќе околу поврзаноста помеѓу Даноците и нивоата на Задоволство од менито Економија > Индикатори > Даноци)
      • Негативна Чест на Владтелот - минус 5 Задоволство во случај на 100 или повеќе негативни поени чест.
      • Заклучена провинција – минус 5 Задоволство кое влијае на целата Империја.
      • Под влијание на непријателски Сојуен Замок (за време на војна) - минус 5 Задоволство со ефект на сите територии од Империјата.
  • Еднократни модификатори на Задоволство:
    • Позитивни:
      • Изградба на Тврдина - од 1-во до 3-то ниво - 5 Задоволство; од 4-то до 6-то - 10; од 7-мо до 9-то - 20.
      • Изградба на Фарми - секое ниво доделува 1 поен Задоволство.
      • Организирање на еднократни фестивали на Градскиот Плоштад - малиот има основен ефект +1 Задоволство и се плаќа во злато, чини 20% од населението во провинцијата, но ако започнете масовни мали Фестивали во сите провинции ќе платите половина од цената; големиот фестивал, со основен ефект +2 Задоволство, има претходно одредена цена во дијаманти - 850 дијаманти за 1-виот Фестивал, 680 за 2-риот, 510 за 3-тиот, 340 за 4-тиот, 170 за 5-тиот и наредните (пресметано за целата империја, не само за една провинција), но ако големите фестивали се масовни, ја плаќате соодветната сума/2.
        Фестивалите се ограничени по 1 на 24 часа, но нивниот основен ефект може да се зголеми преку градење нивоа на Градски Плоштад. Секое ниво доделува по 1 бонус Задоволство за мал Фестивал и уште 2 за голем. Максимално ниво - 10.
      • Запирање грабежи во победнички битки во одбрана - +10 поени задоволство, но само за првиот грабеж во 24 часа.
      • Расформирање војска - процентот војска во соодветната провинција е еднаков на процентот на добиеното Задоволство. Меѓутоа, овој ефект има граница - ако расформираната војска е повеќе од 20% од населението на населението, престанува да се генерира Задоволство.
      • Победничка Војна - +10 поени задоволство за секој член.
      • Поправка на тврдина (само за првата поправка во рамките на 24 часа) - +5 Задоволство.
      • Нова припоена провинција или колонија (влијае врз целата Империја) - +20.
    • Негативни:
      • Регрутација на војска - процентот на регрутирани единици од населението во провинцијата е еднаков на процентот загубено Задоволство.
      • Ограбена провинција - процентот на ограбено население е еднаков на одземените поени Задоволство. Максималната загуба на Задоволство е 30.
      • Изгубена битка - глобално - 5 Задоволство, но само за првата изгубена битка за период од 24 часа.
      • Изгубена Војна - минус 10 Задоволство (со влијание врз целата империја).
      • Објавување војна - минус 10 Задоволство.
      • Изгубена Опсада на Тврдина (првата изгубена за период од 24 часа) - минус 5 Задоволство.
      • Изгубена колонија - минус 10 Задоволство со ефект на сите територии од Империјата.

Данок

  • Данок се извлекува само од вработеното население. Се пресметува при секоја промена на стапката, па затоа, профитот од злато и ефектите (позитивни или негативни) врз задоволството веднаш се земаат во предвид, тоа значи дека ако поставите ниска даночна стапка во 2 часот и ако ја промените во висока во 3 часот, помеѓу 2 и 3 часот ќе имате приход од злато и минус задоволство коешто одговара на низок данок, а од 3 часот - приход на злато и минус задоволство коешто одговара на висок данок. Приходот на злато и загубите на задоволство се распределуваат пропорционално и се примаат или одземаат на секоја минута. Рамномерните делови злато се даваат секогаш пресметани од моменталниот број работници, а не бројот работници кој бил во моментот на поставувањето на данокот, па и двете - прирастот на население во тек на наредните часови како и убиеното население во случај на Грабеж - се земаат во предвид при пресметувањето на секој дел злато. Данокот се чува во ризницата на престолнината, од каде што автоматски се извлекува додека се гради, истражува или се плаќа за издржување на војска, независно каде сето ова се наоѓа.
  • Играчот може да ја промени даночната стапка во секое време и секоја промена веднаш се пресметува. Постојат 6 нивоа данок и секое е со различен ефект на задоволството, како што следува:
    • Прво ниво (без данок) - дава +5 Задоволство
    • Второ ниво (многу низок - 1 на 100 работници на час за припоени провинции и вазали) - одзема 5 Задоволство.
    • Трето ниво (низок - 2 на 100 работници на час во припоени провинции и вазали) - одзема 15 Задоволство.
    • Четврто ниво (среден - 3 на 100 работници на час во припоени провинции и вазали) - одзема 30 Задоволство.
    • Петто ниво (висок - 4 за 100 работници на час во припоени провинции и вазали) - одзема 50 Задоволство.
    • Шесто ниво (многу висок - одзема 5 за 100 работници на час од припоени провинции и вазали) - одзема 75 Задоволство.

Приход

  • По мирен пат
    • Производство на ресурси
    • Извлекување данок од престолнината.
    • Извлекување данок од вазалите.
    • Извлекување данок од припоените провинции.
    • Извлекување данок од колониите.
    • Камата од банка на складираното злато
  • По воен пат
    • Запленување суровини после успешна Опсада на тврдина против неприпоените провинции на Мапата на Империјата.
    • Запленување ресурси после успешна Опсада на Тврдина против непријателски Империи.
    • Ограбување непријателски провинции.

Трошоци

  • Порачување Градби и Истражувања
  • Регрутација на војска
  • Издржување на војска
  • Поправка на уништена Тврдина.
  • Основање колонија.
  • Организирање Фестивали
  • Исплата на кредити и камати на банка

Трговија

  • Понудата е валидна 48 часа, а не пазарот се појавува помеѓу 5 и 10 минути после нејзиното објавување.
  • Ако понудата истече, таа се враќа кај сопственикот во провинцијата од каде што била објавена.
  • Првите 5 понуди за секој ресурс се секогаш прикажани во менито 'Купување'.
  • Трговија - Секое наредно ниво, после првото, ја намалува трговската провизија за 2%. Основната трговска провизија е 20%. Провизијата за објавување понуда е фиксна - 10%. Максимално ниво на Истражување - 11.
  • Градба Пазар - изградбата ѝ е локална. Достапна е во сите провинции што значи дека лимитите на нивоата и капацитетите на Пазарот се стриктно индивидуални за секоја провинција. Го контролира бројот понуди коишто играч може да ги објави истовремено и нивната макслимална големина. Секое ниво го зголемува бројот на понудите за една и максималната големина - два пати, во споредба со претходното ниво, на основа на 2000. Кога Империјата моментално не е под непријателски напад, капацитетот на Пазарот е глобален коешто значи дека ако имате 10 провинции со 1 милион капацитет на Пазар за секоја, ќе можете да продадете 10 милиони одеднаш од една провинција.
  • Имепериски трговец - пазарна опција којашто дозволува моментална продажба на дрво, железо и камен за злато, за провизија од 850 дијаманти. Капацитетот на Империјалниот трговец е глобален, тоа значи дека ако имате 10 провинции со по 1 милион капацитет на Пазар во секоја, ќе можете да продадете еден милион одедеднаш од една провинција. Капацитетот на Империјалниот Трговец е одделен, тоа значи дека ако капацитетот на Вашиот Пазар е 20 000, а во моментот имате активна понуда на Пазарот за 10 000 ресурси, преку Империјалниот Трговец ќе можете да продадете 20 000, наместо 10 000. Оваа опција не е достапна додека Империјата е под непријателски напад.

Банка

  • Кредит од Банка
    • После истражување на првите 3 нивоа дозволено е позајмување пари од банката во следните суми:
      12-часовно производство на империјата
      24-часовно производство на империјата
      48-часовно производство на империјата
    • Секое ниво Банкарство, после четвртото, обезбедува 1% камата на секои 24 часа на златото складирано во Ризницата на Престолнината. Максимално ниво - 14. Максимална камата за 24 часа - 3 000 000 (125 000 на час).
    • Производството на Империјата се пресметува преку претворање на сите ресурси кои играчот ги произведува во моментот на позајмување во злато според златен еквивалент: 10дрво = 2 железо = 5 камен = 5 злато.
    • Сите кредити се враќаат за 168-часовен период на еднакви рати на секоја минута. Но, има можност и за предвремено исплаќање. Сумата за исплаќање е онаа која останала - нема казнени камати. Кога кредитот е исплатен, веднаш може да се подигне нов.
    • За целиот 168-часовен период се пресметува камата врз земените пари како што следува:
      12-часовен кредит се враќа со 70% камата.
      24-часовен кредит се враќа со 100% камата.
      48-часовен кредит се враќа со 150% камата.

Независни провинции

На Мапата на Империјата провинциите со зелена граница се припоени провинции, тие со жолта граница - вазали, без граница - независни провинции, отклучени за запленување и сивите територии - независните провинции со коишто играчот не може да има никаква интеракција. Секој играч својот развој го започнува во провинција со неутрален терен, без никакви бонуси.

Рамнини
Напад со коњаница+20%
Напад од далечина+0%
Во одбрана+0%
Тврдини-20%
Фарми+20%
Производство на дрво-10%
Производство на железо-10%
Производство на камен-10%
Рамнини со шуми
Напад со коњаница-10%
Напад од далечина-20%
Во одбрана+10%
Тврдини-20%
Фарми+10%
Производство на дрво+10%
Производство на железо-10%
Производство на камен-10%
Ридови
Напад со коњаница0%
Напад од далечина+10%
Во одбрана+10%
Тврдини+10%
Фарми0%
Производство на дрво0%
Производство на железо0%
Производство на камен0%
Ридови со шуми
Напад со коњаница-10%
Напад од далечина-10%
Во одбрана+15%
Тврдини+10%
Фарми-5%
Производство на дрво+15%
Производство на железо0%
Производство на камен0%
Планини
Напад со коњаница-20%
Напад од далечина+20%
Во одбрана+20%
Тврдини+20%
Фарми-20%
Производство на дрво0%
Производство на железо+20%
Производство на камен+20%
Планини со шуми
Напад со коњаница-30%
Напад од далечина0%
Во одбрана+25%
Тврдини+20%
Фарми-25%
Производство на дрво+25%
Производство на железо+20%
Производство на камен+20%

Освојување

Секој играч на располагање има своја Мапа на Империјатa којашто вклучува 19 независни провинции кои може да бидат запленувани после успешна Опсада на Тврдина, претворaни во вазали или припоени. Независните провинции се развиваат до одредено ниво и имаат различни бонуси. Според нивото на развој и далечината од провинција бр.1 тие се поделени во 3 круга.

  • Прв круг (од 2-ра до 5-та провинција):
    Вид Население Тврдина Куќи Рудници Фарми Касарни Храм Градски Плоштад
    160001531112
    280002641123
    3100003752134
    • Модификатор на Фарми - капацитетот на Фармите е за 20 000 души помал.
    • Модификатор Бирократија - 0, т.е. ефикасноста на провинцијата не е под негативно влијание од нејзината локација. Може да се намали само од отсуство или недостаток на нивоа Бирократија.
    • Модификатор на лимит на Задоволство - Максималното ниво Задоволство се зголемува од +2 до +8.
    • Модификатор Задоволство - дневен бонус Задоволство од +2 до +8.
    • Максимум Бонус Задоволство - вкупната сума на сите бонуси Задоволство во провинциите од Прв круг е точно 20.
    • Нема бонус производство.
  • Втор круг (од 6-та до 13-та)
    Вид Население Тврдина Куќи Рудници Фарми Касарни Храм Градски Плоштад
    41500041063245
    52000051183256
    630000612104367
    • Модификатор Фарми - капацитетот на Фармите е поголем за 20 000 селани.
    • Модификатор Бирократија - минус 0.2, т.е. ефикасноста на провинција од втор круг е за 20% помала (освен минусот предизвикан од евентуално отсуство или недостаток на нивоа Бирократија).
    • Модификатор на лимит на Задоволство - Максималната вредност на Задоволство се намалува од -5 до -10.
    • Модификатор на Задоволство - дневен минус на Задоволство од -5 до -10.
    • Максимален Минус на Задоволство - вкупната сума на сите минуси на Задоволство во провинциите од Втор круг е 60.
    • Бонус производство за еден вид ресурс - 5%.
  • Трет круг (од 14-та до 19-та)
    Вид Население Тврдина Куќи Рудници Фарми Касарни Храм Градски Плоштад
    7500006161254710
    8700007201565810
    • Модификатор на Фарми - Капацитетот на Фармите е поголем за 60 000 селани.
    • Модификатор на Бирократија - минус 0.4, т.е. ефикасноста на провинцијата во третиот круг е помала за 40 % (освен минусот предизвикан од евентуално отсуство или недостаток на нивоа Бирократија).
    • Модификатор на лимит на Задоволство - Максималното ниво на Задоволство се намалува од -10 до -30.
    • Модификатор на Задоволство - дневен минус на Задоволство од -10 до -30.
    • Максимален Минус Задоволство - вкупната сума на сите минуси врз Задовослтвото во провинциите од Трет куг е 120.
    • Бонус производство за еден вид ресурс - 10%.
  • Постојат 5 вида гарнизон, одредени според процентуалното распоредување на воените единици, како што следува:
    Вид Гарнизон Стрелци Мечувалци Копјеносци Коњаница
    1100%000
    275%25%0%0%
    350%25%15%10%
    450%35%15%0%
    535%35%10%20%
    • Другите играчи немаат контрола на таа мапа, тие можат само да напаѓаат веќе припоени провинции, запленувајќи ги после успешна Опсада на Тврдина или да ги ограбуваат (бидејќи само тие се видливи за останатите играчи).
    • Владетелот напаѓа независна провинција на неговата сопствена Мапа на Империјата, запленувајќи ги достапните ресурси после успешна Опсада на Тврдина, а минималниот број воени единици испратени на мисија е 200.
    • Количеството ресурси, достапно за запленување во независна провинција со тврдина 1 е еднакво на 40% од максималниот капацитет на провинцијата, во провинција со тврдина 2 - 30%, тврдина 3 - 20%, тврдина 4 - 15%, тврдина 5 - 10%, тврдина 6 - 5% и тврдина 7 - 2.5%. После нападот, тврдината и гарнизонот наполно се обновуваат, но достапните ресурси не - после секој напад количеството се намалува за 10%, па последниот напад што носи некаков плен е 10-тиот. На вработеното население од независната провинција му е потребно време за производство на ресурси (како и на работниците во Вашата Империја), па не може да има последователни напади - помеѓу секој напад има период на затишје (без напади). Овој период се намалува со секој нареден напад, како и сумата на достапни ресурси.
    • Не се пресметуваат воени поени за Опсада на Тврдина на сопствена независна провинција.
    • Потребно е најмалку едно ниво Централизација. Секое ниво Централизација отвора пристап за претворање на 2 провинции во вазали. Провинцијата прво треба да биде освоена после успешна Опсада на Тврдина, со потребната војска за нивото на Тврдина и гарнизонот внатре.
    • Претворањето на независна провинција во вазал на играчот му дава право да извлекува даноци од вазалното население. Нивото на данок е контролирано од владетелот, а добиената сума зависи од бројот на население, не од бројот на работници (како што зависи кај припоените провинции). Достапните нивоа данок како и соодветните загуби на Задоволство за вазалите, се истите како и кај припоените поровинции и престолнината.
    • Во вазална провинција не може да се градат градби.
    • Провинција не може да плаќа вазален данок засекогаш - редовното давање профит на Империјата зависи од Задоволството на населението. Ако Задоволството е под 50%, постои шанса за немири којашто прогресивно се зголемува за 2% на секој поен Задоволство (пр. на 49 задоволство со 2%, на 48 задоволство со 4% итн.), коешто води до прекин на извлекувањето данок додека задоволството не се зголеми повторно. Задоволството на Вазалите може повторно да биде зголемено преку организирање Фестивали.
    • Не може да се испраќа војска во вазална провинција.
    • За да се припои независна провинција потребно е ниво Централизација. Провинција е припоена после освојување преку успешна Опсада на Тврдина со неопходната војска според нивото на тврдината и гарнизонот во неа или преку претворање на вазална провинција во припоена коешто е возможно кога има слободно ниво Централизација и максимално Задоволство во соодветната вазална провинција.
    • При припојување провинција сите нивоа градби се задржуваат такви какви што се, освен нивото на тврдина коешто паѓа за 1, но не се задржуваат и трупите во гарнизон и достапните ресурси коишто постоеле во времето на освојување.
    • Припојувањето на владетелот му дава права над провинцијата: изградба на градби, порачување на истражувања, обука на војска, извлекување данок, производство на трите вида ресурси - дрво, железо и камен.
    • Ефикасност на провинција - Секоја наредно припоена провинција произведува за 10% помалку ресурси во споредба со претходната, затоа, без ефект Бирократија, 11-тата припоена провинција има ефикасност 0% (без да се земе во предвид Модификаторот на Бирократија на кругот на провинција) и секоја провинција припоена после неа е за 10% помалку ефикасна во споредба со соодветната претходна. Секое ниво Бирократија ја зголемува ефикасноста на производството за 5%, без да стигне над 100%.
    • Заградување на провинција - Провинција е заградена кога сите провинции со коишто граничи се припоени. После заградувањето, средната провинција се смета за внатрешна и предизвикува 20 поени пад во моралот на војската на секој што ја напаѓа таа внатрешна провинција.
    • Патувањето на војска помеѓу припоените провинции е 10 минути.
    • Транспортирањето ресурси помеѓу провинциите во Империјата се извршува со употреба на транспортната станица со основен капацитет на носивост 2000. Секое ниво на Транспортната Станица го зголемува капацитетот за 50% спрема претходниот. Максималното ниво е 14. Транспортот одзема 20 минути, постои опција за моментално растоварање преку моменталниот транспорт, но таа не е достапна кога провинцијата е под напад.

Колонии

Глобална Мапа - на мапата се расположени некои точки - важни како за Сојузите така и за индивидуалните играчи. Дел од нив е наменет за колонии, разделени на терени коишто се поставени врз специјални ресурси со различни бонуси и обични терени - без бонуси.

  • Терени со специјални ресурси - распоредени по случаен принцип насекаде по Глобалната Мапа, специјалните ресурси не се наменети за користење, а за контрола, тие на играчот му даваат можност да употребува определен вид бонус со ефект врз целата Империја (припоени провинции, вазали и колонии):
    • Дрво - 5% бонус производство на Дрво
    • Богато поле Дрво - 10% бонус производство на Дрво
    • Железо - 5% бонус производство на Железо
    • Богато поле Железо - 10% бонус производство на Железо
    • Камен - 5% бонус производство на Камен
    • Богато поле Камен - 10% бонус производство на Камен
    • Злато - доделува 5 дополнителни проценти кон вредноста на извлекуваниот данок
    • Богато поле Злато - доделува 10 дополнителни проценти кон вредноста на извлекуваниот данок
    • Дијаманти - доделува дополнителни 5% на бројот купени дијаманти (со исклучок на привремените дијаманти)
    • Богато поле Дијаманти - доделува дополнителни 10% на бројот купени дијаманти (со исклучок на привремените дијаманти)
    • Скапоцени Камења - бонус 10 Задоволство во сите територии на Империјата
    • Слонова Коска - го зголемува максималното ниво Задоволство за 5 во сите територии на Империјата.
    • Свила - го зголемува максималното ниво на Задоволството за 10
    • Антички Храм - 5 поени Морал на војска
    • Свет Антички Храм - 10 поени Морал на војска
    • Потковица - 5% бонус на напад и јуриш на коњаница
    • Тешка потковица - 10% бонус на напад и јуриш на коњаница
    • Лак - 5% бонус на Напад од далечина
    • Богато поле Лак - 10% бонус на Напад од далечина
    • Јаглен - 5% бонус на напад на Пешадија (мечувалци и копјеносци)
    • Богато поле Јаглен - 10% бонус на напад на Пешадија
    • Гранит - 5% бонус на животни поени на Тврдина
    • Богато поле Гранит - 10% бонус на животни поени на Тврдина
    • Коноп - 5% бонус на време за Изградба
    • Богато поле Коноп - 10% бонус на време за Изградба
    • Папирус - 5% бонус на време за Изградба
    • Пергамент - 10% бонус на време за Изградба
    • Ориз - 5% бонус на Фарми
    • Богато поле Ориз - 10% бонус на Фарми
    • Жито - 5% бонус на Фарми
    • Богато поле Жито - 10% бонус на Фарми
    • Зачини - ја намалуваат фиксната провизија со 5%
    • Коњи - го намалува времето за движење на војската додека е на мисија за 5%
    • Тешки Коњи - го намалува времето за движење на војската додека е на мисија за 10%
    • Волна - го намалува издржувањето на војска за 5%
    • Богато поле Волна - го намалува издржувањето на војска за 10%
    • Памук - го намалува издржувањето на војска за 5%
    • Богато поле Памук - го намалува издржувањето на војска за 10%
    • Мермер - ако член на Сојузот има колонија основана на Мермер, тогаш Храмот во Сојузниот Замок се гради за 5% помалку време.
    • Богато поле Мермер - ако некој член на сојузот има колонија основана на Мермер, тогаш Храмот во Сојузниот Замок се гради за 10% помалку време.

* Не може да се акумулираат бонуси од ист вид Специјални ресурси. Ако има 2 бонуси од истиот вид, се пресметува само поголемиот. Исти бонуси може да се акумулираат само ако се доделувани од два различни терени со специјални ресурси.

Пример: Ако имате 2 колинии на богато поле злато, ќе добивате 10% бонус на приходот на злато. Ако имате 1 колонија на богато поле жито и 1 колонија на богато поле ориз, ќе имате 20% од ефектот на фарми.

** Специјалните ресурси: Антички Храм, Свет Антички Храм, Потковица, Тешка Потковица, Лак, Богато поле Лак, Јаглен, Богато поле Јаглен, Коњи, Тешки Коњи, Волна, Богато поле Волна, Памук и Богато поле Памук доделуваат бонуси на сојузните војски, ако член на сојузот основа колонија на нив.

Имајте на ум дека профилите што биле блокирани повеќе од 7 дена и профилите што биле во мод Одмор повеќе од 16 дена, автоматски ќе ги загубат своите колонии на специјални ресурси. Автоматската загуба на колонии на специјални ресурси подразбира дека:
- теренот со специјални ресурси се ослободува и може да биде колонизиран од друг играч;
- сопственикот на колонијата ги губи нето економските поени кои ги добил за ресурсите инвестирани во колонијата;
- војската распоредена во колонијата автоматски е пренасочена кон провинцијата од којашто била испратена;
- 50% од населението во колонијата е пренасочено кон провинцијата од којашто било испратено;
- сите достапни ресурси во колонијата се пренесуваат во престолнината на сопственикот.

Ако колонијата е уништена додека има во тек воена мисија испратена од неа, војската се враќа во престолнината на империјата, а времето за патување останува непроменето т.е. војската ќе се врати во престолнината за истото време за кое би се вратила во колонијата.

Колонизација

  • 50 000 души од населението на Империјата се испраќаат на слободно место на Глобалната мапа или на место кое лежи на специјален ресурс. Во моментот на основање ќе се изградат одредено количество и вид градби, потребни за удобност на испратеното население:
    • Фарми – ниво 10
    • Куќи - ниво 16
    • Храм – ниво 1
    • Градски плоштад – ниво 1
    • Тврдина – 4
  • Цената за основање колонија е еднаква на цената потребна за изградба на овие градби – вкупно 9 085 887 дрво, 901 214 железо и 2 395 562 камен. Неопходните ресурси автоматски се извлекуваат од Империјата и се транспортираат до колонијата, заедно со 50 000 селани. Нивната брзина е истата како на товарните колички - 80 ИМ/ч.
  • Основањето на колонија и нејзиното припојување кон териториите на Империјата дава еднократен бонус на Задоволство од +20 со ефект врз целата Империја. Загубата на колонија одзема 10 задоволство.

Структура на колонија

  • Во колонија не се градат касарни, рудници, пилани или каменоломи. Играчот не може ниту да регрутира војници, ниту пак да вработува население.
    * Дозволена е изградба на Куќи и Фарми за играчот да може да го зголеми бројот на своето население, како и изградба на Тврдина за да може да ја зголеми одбраната.
  • Населението во колонијата плаќа данок – определен од страна на Владетелот, се плаќа во еден од 4-те ресурси и е еднаков на една од 6-те даночни стапки:
    - Без данок – дава бонус на Задоволство од +5
    - Многу ниска даночна стапка – еднаква на 2 дрво / 0,4 железо / 1 камен / 1 злато на час на секои 100 селани; одзема 5 Задоволство
    - Ниска даночна стапка – еднаква на 4 дрво / 0,8 железо / 2 камен /2 злато на час на секои 100 селани; одзема 15 Задоволство
    - Средна даночна стапка – еднаква на 6 дрво / 1,2железо / 3 камен /3 злато на час на секои 100 селани; одзема 30 Задоволство
    - Висока даночна стапка – еднаква на 8 дрво / 1,6 железо/ 4 камен /4 злато на час на секои 100 селани; одзема 50 Задоволство
    - Многу висока даночна стапка – еднаква на 10 дрво / 2 железо / 5 камен / 5 злато на час на секои 100 селани; одзема 75 Задоволство.

    Играчот може да го промени нивото на даночна стапка кога и да посака и секоја промена е веднаш пресметана. И двете, данокот и загубите на задоволство, пропорционално се распределуваат и се добиваат или одземаат секоја минута. Рамномерните делови ресурси се даваат секогаш според моменталното количество население, а не според количеството население во моментот кога даночната стапка е поставена.
  • Колонијата има Задоволство коешто зависи од далечината помеѓу колонијата и Империјата. Колку подалеку е една колонија, толку поголема ќе биде загубата на Задоволство во колонијата, овој однос е поделен на 6 квадранти: од 0 до 20 ИМ – минус 20 Задоволство; од 21 до 50 ИМ – минус 25 Задоволство; од 51 до 100 ИМ – минус 35; од 101 до 200 ИМ – минус 45; од 201 до 500 ИМ – минус 55; и повеќе од 500 ИМ – минус 70. Ако Задоволството падне под 50, има шанса за немири, којашто прогресивно се зголемува за 2% и може да доведе до привремен прекин на извлекувањето на данок за најмалку 24 часа, додека задоволството не биде повторно зголемено. Ако задоволството се намали под 20, постои шанса за бунт, којашто прогресивно се зголемува за 2% и може да доведе до привремен забранет пристап до колонијата за најмалку 24 часа, додека задоволството не биде повторно зголемено што значи дека нема извлекување данок, нема изградба на градби, дозволено е само организирање фестивали. И двете, немири и бунт, подразбираат привремен прекин на бонусот од специјални ресурси.
  • Секоја колонија има на располагање посебен објект – Логистичка база. Нејзините нивоа одредуваат колку сојузнички војски може да пристигнат како воено засилување додека колонијата е под напад. Секое ниво Логистичка база дозволува едно повеќе сојузничко засилување. Максимално ниво – 5.
  • Издржувањето на војска во колонија е x1.5.
  • Повлекување - валидно е за сите видови напад, но има ефект само на војската од сопственикот на колонијата, секое воено засилување и понатаму ќе се бори, независно од активираната опција.
  • Уништување на колонија
    • Колонија не може да биде нападната додека сите градби, потребни за нејзиното основање, се сѐ уште во изградба.
    • Колонија е уништена кога ќе остане без Тврдина во неа. Со секој напад се намалуваат нивоата на Тврдина за 1. *Кога остане со Тврдина ниво 0, автоматски исчезнува од Глобалната мапа, ослободувајќи 50% од населението и 90% од војската распоредена во колонијата кои директно се враќаат во провинцијата од каде што била основана колонијата. Во случај да има вјска којашто патува од Империјата кон колонијата и оваа војска исто така се враќа. Ако колониијата е уништена за време на воена мисија испратена од неа, оваа војска се враќа во престолнината на Империјата.
      Секоја загубена битка во одбрана во колонија подразбира дека преостанатиот гарнизон ќе се распореди на поле, освен ако не е поставено војската да се повлекува.
      Нападите на колонии основани на терени со Специјални ресурси немаат граници по опсегот на нето економски поени и последователно не се прилагаат казни по морал, чест и параметар на напад на напаѓачот, коешто не важи за тие основани на обични терени, без бонус - напади надвор од опсег x5 не се возможни, а тие надвор од опсег x2 предизвикуваат загуби на морал, чест и параметар на напад на напаѓачот, следејќи ги стриктно истите правила како и секој нормален напад.
    * Тврдините во колонија не може да се поправат!
    • Сопственикот може да уништи сопствена колонија преку клик на колонијата на Глобалната мапа и избор на опцијата 'Уништување колонија'. Уништувањето колонија враќа 50% од населението во колонијата во провинцијата од којашто е основана, ги губите ресурсите собрани во колонијата и нето економските поени за ресурсите инвестирани во нејзиното основање и развој. Колонијата не може да биде уништена од сопственикот доколку во неа има присутни единици и/или ако патуваат од/до неа.
  • Транспорт на ресурси
    • Ресурсите, добиени како данок, не се складираат автоматски во централизираната ризница на Империјата, а треба да се пренесуваат до престолнината. Достапните ресурси во колонијата не можат да се употребат за целите на Империјата без претходно да се транспортирани во Метрополата.
    • Транспортот Колонија - Метропола не се извршува преку транспортната станица која работи во пределите на Мапата на Империјата. Колонијалниот транспорт е преку товарни колички кои се добиваат после регрутирање, слично на војската. Товарните колички имаат издржување и брзина како и сите други воени единици. Нивниот капацитет на носивост е 1000.
  • Патување
    • Времето не е однапред одредено како што е случајот со провинциите во Империјата, но сепак е исто како и секое патување кое се прави на Глобалната мапа. Растојанието се мери во Империјални милји. Брзината на патување на единиците кои патуваат и/или товарните колички е еднаква на најбавната единица која е испратена да патува (на пример: Тарани – 40 ИМ/ч).
    • Картографијата го намалува времето за патување.

Седумте светски чуда

  • Седум специјални градби што можат да бидат изградени од сите играчи кои веќе достигнале 25-то ниво Архитектура.
  • Само највисоките нивоа на овие градби во целиот свет се сметаат за чуда и се појавуваат на Глобалната мапа блиску до Империјата на сопственикот.
  • Секое чудо доделува специјален бонус, како за сопственикот така и за сите негови сојузници, како што следува:
    • Мистичниот Обелиск - 5 бонус Задоволство дневно
    • Огнениот Врв - 5 поени на лимитот на Задоволство
    • Небесната Кула - 10% бонус на времето за истражување
    • Сончевите Пирамиди - 10% бонус на времето за изградба
    • Палатата на Зората - 10% бонус на ефектот од Фармите
    • Генералот - 10% бонус на времето за обука на војници
    • Големиот Коњаник - 10% бонус на времето на патување на војска
  • Играч може да изгради нивоа на повеќе од една специјална градба, меѓутоа може да поседува само едно чудо, што значи дека ако достигне највисоко ниво во светот на повеќе од една специјална градба, мора да избере која градба од тие ќе биде чудо и ќе му дава бонус него и на неговите сојузници.
  • Чудата не можат да се уништат. Чудото* и неговиот бонус ги губите кога друг играч ќе изгради повисоко ниво од Вашето.
    * Загубата на чудо не значи дека ги губите веќе изградените нивоа, само значи дека повеќе не сте сопственик на чудото и соодветно Вие и Вашите сојузници го губите бонусот се додека не успеете да изградите повисоко ниво од тоа на моменталното чудо во светот.
  • Ако ги поседувате највисоките нивоа на Таинствениот Обелиск и Огнениот Врв во светот и Таинствениот Обеликс е Вашето активно чудо, Огнениот Врв автоматски ќе стане Ваше активно чудо кога друг играч ќе изгради повисоко ниво на Таинствениот Обелиск од Вашето. Ако во светот поседувате највисоки нивоа на повеќе од две специјални градби и Вашето активно чудо е Таинствениот Обелиск, системот автоматски го префрла Вашето активно чудо на една од Вашите преостанати специјални градби со највискои нивоа ако друг играч изгради повисоко ниво на Таинствениот Обелиск од Вашето. Освен ова, во секое време можете да го активирате чудото коешто го сакате.
  • Кога два или повеќе играчи имаат еднакви нивоа на истата специјална градба, сопственик на чудото е оној играч кој прв го достигнал тоа.
  • Основната цена на секоја специјална градба е 8 000 000 златен еквивалент. Видот на ресурсот потребен за изградба се променува наизменично со секое наредно ниво што значи дека за 1-во ниво е потребно злато, 2-ро ниво - дрво, 3-то ниво - железо, 4-то ниво - камен , 5-то ниво - злато итн.
  • Цената на специјалните градби се намалува од Архитектурата на играчот.
  • Секое следно ниво е за 10% поскапо во златен еквивалент, бидејќи се зема во предвид основната цена, а не цената намалена од Архитектурата.
  • Специјалните градби се градат моментално и немаат лимит на нивоата.

Заштити

  • Почетничка заштита
    • Опција којашто може да се активира од секој играч кој има помалку од 1000 нето економски поени, којшто бил поразен во одбрана, кога ќе се појави копче во извештајот од битката како и во една од задачите на Советникот. Опцијата автоматски истекува кога профилот ќе достигне 1000 нето економски поени или кога поминале 168 часа од активирањето.
    • Профилите под почетничка заштита не можат да напаѓаат ниту да бидат нападнати.
    • Играчите под почетничка заштита во рангирањето се појавуваат со икона со бебешка количка.
  • Празнична заштита
    • Опција што може да биде активирана од секој играч, но само во текот на празници претходно најавени од тимот на Империја Онлајн и за ограничени периоди, одредени од ИО.

      * И двете, модот Одмор и Празничната заштита, може да се активираат само ако во тој момент немате војски на мисија.
    • Додека е активна, профилот не може да биде напаѓан ниту пак да напаѓа. Но, во меѓувреме може да се пристапи во профилот, може да се градат градби, да се порачуваат истражувања, да се регрутира војскa итн.
    • Сите напади испратени кон соодветната Империја пред активирање на празничната заштита ќе бидат исполнети.
  • Мод Одмор
    • Ги забранува сите напади против Вашата империја. Ако веќе има напад испратен кон Вашата империја, дури и ако активирате мод Одмор, нападот ќе биде извршен.
    • Модот Одмор го ЗАПИРА производството на сите ресурси, издржувањето на војска и прирастот на населениe, а периодот од 168 часа за исплата на кредит се одложува до декативирањето на модот. Секоја започната изградба ќе се доврши.

      * И двете, модот Одмор и Празничната заштита, може да се активираат само ако во тој момент немате војски на мисија.
    • Модот одмор не може да биде прекинат во првите 24/48 часа (во зависност од брзината на светот). За оваа услуга се потребни 1700 дијаманти.

      * И двете, модот Одмор и Празничната заштита, може да се активираат само ако во тој момент немате војски на мисија.
  • Заштита Добредојдовте назад
    • Заштита која секој Император којшто се вратил во својата Империја после отсуство од најмалку 2 седмици, автоматски ја добива после најавување во својот профил.
    • Ги забранува сите напади кон и од Империјата.
    • Точно времетраење - 48 часа.
    • Наполно бесплатна.

Чување на профил

  • Легална помош од пријател во Вашиот економски развој.
  • Во Ера на Освојување може да чувате два различни профили и да имате 2 играчи (по сопствен избор) кои ќе го чуваат Вашиот профил. И двајцата чувари се најавуваат во Вашиот профил со своето корисничко име и лозинка и не е потребно Вие да ја давате својата лозинка никому, никогаш.
  • Права и ограничувања на Чувар на Профил:

    Чуварот со неограничени права може да прави сѐ што и сопственикот, со исклучок на напуштање на сојузот и променување на подесувањата на профилот.

    Чуварот со ограничени права може да троши ресурси порачувајќи градби, истражувања и војска, да транспортира ресурси помеѓу припоени провинции, да го користи Пазарот, да земе мал кредит, да ги припојува, претвора во вазали и да ги напаѓа независните провинции. Исто така, може да ја преместува војската, но само помеѓу припоени провинции и само кога истата провинција не е под напад.
    • Индивидуалните права на легалните чувари на профил може да бидат поставени во мени Подесувања >> Моите чувари на профил подмени. Подесувањата за чуварите на профил може да бидат променети во секое време, по Ваша желба.

Нето Економски Поени

  • Ја претставуваат моменталната сила на играч.
  • Се пресметуваат на основа на количеството и видот на потрошени ресурси - 1 нето економски поен = 1000 злато / 2000 дрво / 400 железо / 1000 камен. Нето економските поени за регрутација на војска се пресметуваат според истата формула, но помножени x2.
^